ЕРОСОТ И ТАНАТОСОТ КАКО ПОСТОЈАНИ ДИВГАТЕЛИ ВО ТВОРЕЊЕТО НА МИЛИЦА ЈЕФТИМИЈЕВИЌ ЛИЛИЌ / Билјана Билјановска

ЕРОСОТ И ТАНАТОСОТ КАКО ПОСТОЈАНИ
ДИВГАТЕЛИ ВО ТВОРЕЊЕТО НА МИЛИЦА
ЈЕФТИМИЈЕВИЌ ЛИЛИЌ

 

Милица Јефтимијевиќ- Лилиќ

Милица Јефтимијевиќ- Лилиќ е авторка што со сите свои заложби и ангажмани, но најмногу со својата поетска дарба и општо севкупна писателска дарба, е активно присутна како на нанационалната така и на меѓународната литературна сцена. И не само со сопствените творби, туку и со рецензии подготвени за други автори, литературна критика како од српското јазичко подрачје, така и за бројни автори кои се преведувани од други јазици на српскиот. И самата преведувана на повеќе од 25 светски јазици, добитник на бројни награди во земјата и во странство од Индија, преку Турција до Германија и Италија, таа со збор и дело му потврдува на целиот свет дека е активен поборник за една повозвишена правда меѓу сите народи на светот за кои поезијата станува вистински порт-парол за мир, разбирање, слога и солидарност.
Минатогодишното изданије на нејзината највона збирка стихови „Посланија за Одисеј„,е книгата која го привлече моето внимание и од која посакав на македонските читатели да им ја претставам клучната поема „Монолог на на неутешниот Одисеј„ како постојано актуелен лик од Хомеровата Одисеја кој инспирирал бројни песници и писатели, истражувачи и аналитичари, и секој на свој индивудален начин се обидел да ги опее – или за да најде оправдувања за нивните постапки, или да ги критикува од временската дистанца од која тие се набљудуваат. Сопственото, лично искуство е инспирацијата и на поетесата Милица Лилиќ, која на неверојатен лирски начин, величајќи ја љубовта, верноста, приврезноста кон домот, и татковината и човекот што го сака и поради кого страда, ги опева неговите лутини, исчекувања, страданија поради осаменоста да се биде одделен за подолго време од саканата личност.
За да се добие една поцелосна слика за оваа авторка што во македонските литературни кругови не била доволно преведувана, од една од претходните нејзини збирки сихови ја презедов и поемата „Клетвата на Пенелопа„ („Патепис на кожата„ 2004, Белград), за да ги поврзам незаборавните ликови на Пенелопа и Одисеј, кои особено во последнава децнија сѐ почесто стануваат теми на бројни современи писатели, пред сѐ поети, но и филмски работници, да посакаат да ги одсликаат на сопствен начин. Оригиналноста во доживувањето на Одисеј и Пенелопа во нејзиното творештво се повеќе од евидентни, главната причина која мотивира и инспирира тие да бидат преведени и понудени и на македонската читателска публика. Длабоко сум уверена дека вистински вљубеници во поетскиот збор, но и литературните критичари, во Милица Јефтимејвиќ Лилиќ ќе откријат енда извонредно надарена писатлека, но и личност вредна за внимание од особен вид.

 

МОНОЛОГ НА НЕУТЕШНИОТ ОДИСЕЈ

Ми беше непогода која однесе сѐ пред себе,
Луња што ги скина сите врски со минатото,
Бездна од која никогаш нема да се кренам,
Кома од која не сакав да се будам.
Беше мојата крв зовриена што блеска
И кон далечини ме влечка,
Моја најдлабока врска со самиот мене,
Беше јас, оној што се заборави себе.
Стана моја тмина
И моја постојана мòра
Мое испразнето бидување
Моја незаситна жед
Мое бензадежје
И мое просветлување
Моја целодневна
И целовечерна молитва
Бесконечен екран во умот
Што неумоливо блеска
Па очи не можам да склопам
А тебе да не те видам,
Мир да најдам
Ниту во најдлабок сон.
Кај и да погледнам
Насекаде си ти
Сите ликови го имаат твоето обличје,
Поради твојот лик
Се губат сите призори
Од секаде блескаш
Ти, неуништлива слика на копнежи,
Твојата опасно-јасна аура
Беше мој последен хоризонт
За успон
И остана мое, мое, мое,
Мое најголемо страдање.

 

КЛЕТВАТА НА ПЕНЕЛОПА

На немирниот Одисеј пред заминување му довикувам:
мојот лик ќе го понесш од спротива,
во големото море ќе ме иссипеш
да изронувам секаде кај што ќе застанеш.
Белезите за мојот далечен пат
да ги оставаш кај и да тргнеш,
додека истоштена од клетвата чекам,
со таинствени јазли врзана,
да ја разгрнеш темницата и трагите да ги осветлиш
да спаднат кочниците на денот,
Големиот Планер да каже:
копнежот го гази времето.
искушението е спасение
Миг е за Излез
Мојсеј браната да ја тргне,
Големата Вода да застане,
да минеш таму од спроти – таму каде зборот те чека.
Преку вода, преку темница
низ глинениот прстен на денот
прострелана од окото твое,
те колнам кај и да си
на кој знае кое боиште да биеш
Сеприсутниот
срцето да ти го врзе за моите бедра,
очите за мојот ум, копнежот за моите стапки…
срце што ќе те посака – од тебе да бега,
што ќе погледенеш – да се затемни,
што со душа посакаш – во смрт да оди
да не се спаси, зошто те нема,
зошто не доаѓаш веќе?

(Од збирката “Патепис на кожата” ,2004)

 

Билјана Билјановска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s