СИТИ РОКИАХ ХАШИМ ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК / Прага-Белград-Истанбул

СИТИ РОКИАХ ХАШИМ ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СИТИ РОКИАХ ХАШИМ – е еминентна писателка од Малезија, родена во Пулау Пинанг. Во 1977 година се стекнува со диплома од областа на Уметноста, Театарот и Драмата на Научниот Универзитетот  во Пулау Пинанг. Образованието го продолжува во 1984 година  на Универзитетот во Сиднеј, Австралија. Ги завршува и своите постидпломски студии   на Инситутот за Превод и литература од Малезија  со специјализација за Литератураниот превод.

Во својата работна кариера бележи и  дваесетгодишно активно работење како педагог  и лектор при Инситутот за Образование. Била вработена повеќе години и како литературен преведувач во Инситутот за Превод и Академијата на науки и уметности (АСВАРА) од Малезија. Во 1998 година заминува во пензија и до денес работи како писателка со полно работно време.

Од 1987 година нејзната поезија и кратки раскази се објавуваат во повеќе литературни специјализирани списанија и весници. Во 2007 година во списанието „Вариази„ се објавуваат нејзините колумни посветени на филмската  и театарската критики што ќе ѝ овозможи објваување на цела една книга посветена на овие теми „Филмската критика од Рокиах Хашим „ објавена во 2015 година (ИСБН: 978-967-0262-30-7)

Двојазичната англиско/малезијска Антологија под наслов „Катарза„ беше објавена во 2015 година. А Англиско/шпанската верзија на истата, беше објавена во 2016 во Аргентина (ИСБН: 978-967-13702-1-6).

Во нејзината двојазична англиско/малезијска Антологија насловена  „Вести од Стразубруг„ заедно со други 12 познати светски поети, ќе бидат објавени и нејзини 20 поеми, во 2017 година како електронско издание од страна на Парбаданан Кота Буку, Малезија (ИСБНЧ 978-445-440-1). Преводот на малезијски јазик на целата Антологија е нејзино остварување.

Како преведувач работела во бројни активности на организациите за Човекови права и Заштита на човековата средина.

Член е на: Светскиот поетски конгрес (под протекторат на Светската Академија за Науки и Уметности) од 2014 година.

Учествуввал на повеќе светски поетски конгреси во Перу, Тајван, Чехословачка, Монголија, Мароко и Малезија.

 

ПРИКАСКИ ОД ЅИДОВИТЕ
 
1989 –Стирлинг
 
Во Мак Робер библиотеката смирено се преговараше
Паша доби повик од Прага
Уште се сеќавам на зборовите на Вацлав
„Дојди брзо да одиме во Берлин
До крај на животот нема да зажалиш
Гледајќи ја љубовта што го руши ѕидот на омразата
Човечноста ги порази тенковите и проектилите!„
 
 
 
2013 – Кампала
 
Мир Наир говореше како и обично од срце
„Благодарам за поканата и честа што ми ја укажавте
Но простете јас не сакам да одам во Хаифа
сѐ додека постои тој грд ѕид„.
 
Потоа ти шепнав како те посетив во болница.
Во пасошот ми стои една кратка реченица
Која вели дека не можам да одам во таа земја
 
Некогаш одамна ја видов видео-снимката на Ал-Џезаира
Најва – преубава млада невеста непрекунато плачеше
Оставајќи го Рамалах додека го следеше својот сопруг Тарик во Газа
Тишината на моите солзи ја славеше нивната венчавка
Размислувајќи за Најва која нема да може да се врати во своето село
 
Цела ноќ не заспав
Сеќавајќи се на слатко-тажното обединување на Најва и Тарик
Станавме блиски
 
Куала Лумпур, Февруари 2015,
 
 
 
МИР СО ТЕБЕ ДАВОС
 
Мир со тебе Давос
Благодарам
Затоа што сакаш
Овој свет да го направиш
Поубаво место
Посреќно место,
Но за кого?
 
Мир со тебе Давос
Да! Зннам
Американските борбени авиони мораат да бидат продадени
Софистицираните израелски беспилотни летала мораат да се истражат и произведат
За да може повеќе да се убива
Со притисок на едно копче
Фабриките за оруќје во Англија мораат да работат
За да имаат работа твоите луѓе
И за да можат да одат на одмор
Секоја година во земјите од Третиот свет
Итд….
Итд….
Итд….
 
Мир со тебе Давос
Не заборави
Осама од Багдад не решила да биде засекогаш бегалец
Мохамед од Хеброн не сакаше да го загуби својот идентитет
Дуња од Алепо не сакаше да живее во беда
Затоа што нејзини соседи се Сијах
Саиф сака да се врати во својата сакана Сани
Раните во душата на Ибрахим сѐ уште не се зацелени
Трауматизиран од бомбардирањата на НАТО на Косово
Рахман не сака да има деца и внучиња во Коск Базар
 
Мир со тебе Давос
Сите мои пријатели
Исто така сакаат оваа планета да биде подобра
Да биде посреќна
Мир да владее
Засекогаш.
 
Куала Лумпур, Февруари 2018
 
 
 
ВЕСТИ ОД СТРАЗБУРГ
 
Рекоа дека досега
На бреговите на Грција, Италија, Либија и на други места
Исчезнале Повеќе од 10.000 лица
Не се најдени ниту нивните имиња
А и не се познати,
Малечкиот Ајлан Курди од Сирија
Беше меѓу нив
Да, скоро сите беа муслимани!
 
Стразбург
Чекај, ги има уште!
Што е со овие луѓе?
Абд.Карем, Фатима и Ханафи
И уште многу други Рахињани
Исчезнале во Андамското море
Не бегаа
Од својата прадедовска земја Аракан
Но нивните домови се спалени
Тие се отепани и прогонети од својата татковина
 
Секако
Тие се дел од Мијанмар
Емигранти се
Затоа што се Муслимани
Се разликуваат од Будистите
Затоа Рахините немаат права
во замјата на Мијанмар
Така велат владеачите
Со оружје в’ рака
 
Но зарем повеќе од 400 години
Аракан не беше ли нивен дом?
Имаа свои претставници во парламентот
Лидери во сите заедници
И политички партии
Како можам да кажам
Дека Ракините не се Мијанмар?
 
Стразбур!
Не заборави на страдањата на Рахињаните
Не заборави дека се истребени
 
Овде се случува геноцид
Овде се случува геноцид
 
Во многу исламски земји
геноцидот се се врши на разни начини
И во многу форми
 
Геноцидот се случува насекаде!
Геноцид се случува насекаде!
 
 
Прага-Белград-Истанбул
август,2016
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s