“НА ВЕЧНИОТ СУДИР МЕЃУ ВЕРАТА И РАЗУМОТ” (“SULL’ETERNA TENZONE TRA FEDE E RAGIONE”) / БИЛЈАНА З. БИЛЈАНОВСКА ( BILJANA Z. BILJANOVSKA)

НА ВЕЧНИОТ СУДИР МЕЃУ ВЕРАТА И РАЗУМОТ”

(“SULL’ETERNA TENZONE TRA FEDE E RAGIONE”)

Уверена сум дека мнозина од нас постојано се наоѓаат токму „на вечниот судир меѓу верата и разумот„ како што е поднасловена една од (според мене) позначајните поеми на Др Клаудија Пичино, ЗБОРУВАЈ МИ ОЧЕ, од збирката „Можен пристан„(”Ipotetico approdo”-Mediagraf Edizioni ,2017) што во 2018 година од страна на издавачката куќа „Алма„ од Белград, беше провомовирана во мој двојазичен срспко/македонски превод на Меѓународниот саем на книгата во Белград.

И не само овие стихови што денес ги одбрав за оваа кратка расправа, туку севкупната и доста обемна поезија на Др Клаудија Пичино заслужува едно посебно внимание и од повеќе причини и аспекти.

Приложивајќи ги цитираните стихови на  авторката Пичино, единствено помислувам да поттикнам една посестрана расправа токму околу прашањето/а кое и неа самата ја измачува, но и мнозина од нас воспитувани и школувани во амбиенти во кои требаше да преволадува разумот, но каде не случајно постојано се судиравме со проблемите не верата, верувањето, вербата како состојби на духот кои најчесто се врзуваат за прашањата околу религијата и нејзините бројни современи форми на ширење и делување.

Значајни прашања околу кои денеска светот продолжува да ги ‘крши копјата‘ вовлекувајќи нѐ во размислувања како од философски аспект, но еднакво и од религиозен, егзистенцијален, хуман и напредно цивилизациски вид. Но сепак и најмногу од она што треба да го води овој свет напред – политички, затоа што токму севкупната светска политика и водечките политичари одлучуваат за сѐ , па и за опстанокот на севкупното и поетско и останало сестрано современо творештво.

Текстот со голема предумисла, но не и со некоја лоша намера, го пишувам на македонски јазик, како за промоција и афирмација на  нашиот македонски идентитет, туку и како потврда дека и македонскиот јазик е еднакво присутен и значаен во големото семејство на јазици каде со векови се бори за своето вистинско место на листата на постоечки јазици преку кој се идентификуваат, особено, сите Македонци и сите македонисти кои некогаш со голема љубов и интерес го изучуваа и посакуваа да го владеат и со него да се служат кога ќе се најдат во ситуации кога тој би им бил потребен или неопходен.

Со пријателски  чувства, како нејзина лична преведувачка на македонски, српски и француски јазик, но и вистинска пријателка, текстот ѝ го посветувам пред сѐ на инспираторката на ова размислување  др Клаудија Пичино, но и на сите мои и нејзини пријатели кои со голем интерес будно го следат нејзиното севкупно творештво.

 

ЗБОРУВАЈ МИ ОЧЕ
( на вечниот судир меѓу верата и разумот)
 
Нека биде зборот твој Светлина
за моите чекори,
да можам во молитвата
да го откријам
вистинскот противотров
на туѓата незаинтересираност,
или дека пријателството било
вистински предзнак
на дарување на целата душа.
Зборувај ми Оче
за небеските височини
и објасни ми го гревот
без загатки.
Дали се тоа проверки за испит
на еден своеволен чин,
или пак пратеници
на некој прастар демон?
А кој тоа Оче одговара
за Ева и нејните гревови?
За сите радости
што нѝ беа одземени?
Се прашува тажно
мојот разум
свесен дека судирот
ќе биде секогаш буден
и без одговор
сѐ додека мојата вера не биде
на вистинското место поставена.
 
А за да не ја навредам авторката на овие поттикнувачки стихови за длабоки размислувања, овде ја приложувам и оригиналната верзија пишувана на нејзиниот мајчин, италијански јазик:
 
 
Parlami Padre
(sull’eterna tenzone tra fede e ragione)
 
Sia lampada ai miei passi
la tua parola,
perché io scopra
nella preghiera
il vero antidoto
all’altrui indifferenza,
o un’amicizia che sia fioriera
di condivisione
dell’anima intera.
Parlami Padre
dall’alto dei cieli
e spiegami
il peccato
senza veli.
Son prove d’esame
del libero arbitro
o forse espedienti
di un demone antico?
E chi risponde o Padre
di Eva e le sue colpe?
Di tutte le gioie
che ci furon tolte?
S’interroga mesta
la mia ragione
consapevole che la tenzone
resterà desta
e senza risposta
finché la mia fede
non verrà ben riposta.
 
Grazie cara Claudia che avevi fiducia in me
 
 
 
Biljana Z. Biljanovska
БИЛЈАНА З. БИЛЈАНОВСКА

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s