БИЛЈАНА З.БИЛЈАНОВСКА ПОЕТИТЕ ОД СВЕТОТ – ГРАДИТЕЛИ НА МОСТОВИТЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВА МЕЃУ СИТЕ НАРОДИ И КУЛТУРИ

БИЛЈАНА З.БИЛЈАНОВСКА ПОЕТИТЕ ОД СВЕТОТ – ГРАДИТЕЛИ НА МОСТОВИТЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВА МЕЃУ СИТЕ НАРОДИ И КУЛТУРИ

Деновиве, благодарејќи на ефикасноста и експедитивноста но и извонредно професионалниот однос на Академиски печат од Скопје, беше објавена една многу интересна збирка на стихови за нас, од поет што на повеќето читатели ќе им биде сигурно непознат, онолку колку што на повеќето од нас нѝ останува енигма начинот на живот на бројни земји од Блискиот Исток, но најверојатно и од многу други краеви од светот.Можеби токму поради тоа објавувањето на оваа збирка стихови од Али Ал Хазми ќе биде уште поинтересна за читателите затоа што ќе нѝ овозможи не само преку неговите стихови да допреме до менталитетот на земјата од која тој потекнува, туку и да почуствувваме дека сепак поднебјата, социјалните услови, политичките уредувања дури и како влијаат врз формирањето на свеста и на еден цел народ, но и да се рефлектираат преку творењето на писателите, поетите, со еден збор уметниците од нивните земји .Али Ал Хазми е по потекло од Дамад во Кралството Саудиска Арабија, поет со врвен престиж и во својата земја, но и надвор од неа учествувајќи на бројни меѓународни поетски средби, фестивали и настани на кои добивал највисоки признанија и награди. Дипломирал на Универзитетот Ум-ал-Кура арапски јазик и книжевност во 1992 година. Оттогаш до денес тој објавил повеќе збирки стихови меѓу кои: „Капија на телото, Губење, Газелата ја пие својата слика, Уверување на острицата, Сега во минатотото, Дрво на отсатноста, Фрагменти од животот, Сигурен пат в‘ мгала, Поведи ме до моето тело од кои повеќето од нив ќе бидат преведувани на шпански, француски, турски, англиски, романски, српски и во оваа прилика и на македонски јазик.

На македонски јазик ќе се појави за прв пат со својата збирка на стихови „Улица низ ѕид„ која во англискиот и српскиот превод е насловена како „Поведи ме до моето тело„.

На читателите ќе им биде целосно јасно дека се работи за еден четворократен превод: од арапски на англиски, за што бил заслужен неговиот преведувач Hamdy Elgabry, додека преводот од англиски на српски јазик е од престижниот извонреден преведувач Лазар Мацура, чија верзија ми беше мене понудена за превод на македонски јазик. Македонската верзија на стихови е објавена двојазично македонско/англиски по барање на самиот автор со што ќе се овозможи отварање на простор за многу побројни читатели, но и поголем интерес меѓу публиката.

За збиркта „Улица низ ѕид„ воведната рецензија е од Мр Милица Јефтимијевиќ Лилиќ, угледна српска литературна критичарка, поетеса и сестрана писателка, педагог која во еден период ќе се наоѓаи на функцијата подпретседател на Здржението на писателите на Република Србија.

Ова кратко претставување на збирката стихови „Улица низ ѕид„ на Али Ал Хазми на македонски јазик во основата станува еден вид покана за сите љубители на поетскиот збор да се заинтригираат и да посакаат да откријат на кој начин размислува еден писател/поет од земјите што на мнозина од нас им се познати само преку географските атласи или медиумските телевизиски или пак филмски претставувања. Преку неговите стихови, особено одбраните стилски фигури што природно се наметнуваат како повозвишена форма за откривање не само на неговите најинтимни чувства, туку повеќе за создавање на сликата за еден свет чиј начин и организација на живот можеби се за нас недофатливи со сетилата, но кој може да се открива со имагинацијата.

Се надевам дека љубопитноста на читателите со овој краток повик нема да недостасува, затоа што е најзначајното чувство со кое треба да се посака да се открие нешто ново, тој нов свет, поинаков менталитет, нов начин на доживување на бројни случки и настани од животот, но во кои можеби мнозина ќе откријат и соспствени доживувања и чувства, потврдувајќи уште еднаш дека човекот е човек насекаде, без оглед на потеклото, бојата на кожата, верата, политичките убедувања, или особениот начин на живот. Во овој случај кога тоаќе нѝ биде овозможено преку стихови што во нашиов случај пристигаат со збирката „Улица низ ѕид„ на Али Ал Хазми.

 

Билјана З. Билјановска

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: